Меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, после неколку години, неам италијански претставник, а после долго време ќе има само еден шпански тим.

Но, тука се три англиски, два германски, по еден француски и португалски тим.

Според игрите што ги прикажуваат во моментов и во текот на целата сезона, главни фаворити за титулата се Баерн Минхен и Манчестер Сити, а нивниот евентуален судар во четвртфиналето би бил вистинско финале пред финалето.

ПСЖ ќе се обиде да направи чекор повеќе, по минатогодишното финале, а има и огромен квалитет, но никогаш не треба да ги потцените ни што би се рекло сенаторите на ова натпреварување Реал Мадрид и Ливерпул.

Ништо понеопасни не се ниту друите два четвртфиналисти. Силните Челзи и Борусија Дортмунд ќе се обидат да докажат дека џабе ги потценуваат во кругот на овие клубови и од сенка да се пробијат до самата завршница.

Со должна почит кон португалскиот Порто, кој успеа да го исфрли Јувентус, тие се најпосакуваниот тим од страна на другите седум во осумте најдобри.