Атлетико Мадрид во голема мерка ја загуби големата предност што ја имаше некогаш на врвот на шпанската Примера и во самиот финиш води голема борба со Реал и Барселона за титулата.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија денеска ја одби жалбата на тренерот на Барселона, Роналд Куман, па тој ќе мора да го пропушти следниот натпревар против Атлетико Мадрид во Примера.

Куман претходно беше суспендиран на два натпревари, поради навреда на судијата на мечот против Гранада, на 29 април, кој неговиот тим го загуби со 1: 2.

Холандскиот тренер не го водеше тимот на натпреварот против Валенсија, во последното коло од Примера, а неговиот тим го доби тој натпревар со резултат 3: 2.

На табелата на шпанската Примера на четири кола пред крајот, Атлетико води со 76 бода, Реал Мадрид и Барселона имаат по 74 бода, а Севилја е на четвртото место со 70 бода.