Женската репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ги започна подготовките за квалификацискиот турнир што ќе се одигра во Талин, Естонија во периодот од 17. септември до 3. октомври.

Нашата репрезентација на овој турнир за пласман во елитната фаза квалификации ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Естонија, Украина и Молдавија.

Катерина Милевска, селектор на младинската женска селекција на Македонија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мери Васева (Тиверија), Кристина Павловска (Деспина);

Одбрана: Елеонора Николовска (Каменица Саса), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Сара Мена (АС Јунајтед), Мирјана Ѓеровска (Љуботен), Ања Михајлова (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов 2015);

Среден ред: Миа Велинова (Интернационал), Матеа Блажевска (Скопје 2014), Ива Јосифова (Тиверија), Биљана Панеска (Тиверија), Теодора Далческа (АС Јунајтед), Викторија Стрика (Речица), Рона Рустеми (Шкендија), Михаела Настовска (Деспина);

Напад: Веса Села (АС Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиевска (Деспина), Дева Величкова (Кул Здравје);