Славниот германски клуб, Кајзерслаутен се наоѓа пред згаснување поради огромните финансиски проблеми. Како што објави „Билд“, поранешниот четирикратен првак на Германија уште денес или утре ќе прогласи банкрот.

Овој клуб е во минус од околу 25.000.000 евра, а проценето е дека решение тешко може да се најде. Управата на клубот ќе превземе деоничарски колектив, платите на фудбалерите ќе ги исплаќа преку Заводот за вработување во висина од 6.900 евра и ќе има три месеци да пронајде план за спас на клубот.

Кајзерслаутен во моментот е дел од третата лига на Германија, а шампиони беа во 1951, 1953, 1991. и 1998 година.