Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека Еден Азар и Марко Асенсио ќе се најдат во тимот за натпреварот против Еибар со кој „кралевите“ ќе ја продолжат сезоната во Ла Лига.

Белгиецот во февруари по втор пат сезоната го повреди зглобот и се очекуваше дека за него сезоната е завршена, но паузата од три месеци поради Коронавирус му овозможи на Азар да се врати за финишот на сезоната.

Од друга страна, Асенсио е во аут цела сезона, откако го скина лигаментот на десното колено во текот на летните подготовки.

„ Добра вест е што и двајцата имаа време да се подготват како и останатите фудбалери. Асенсио нормално тренира, Азар исто и двајцата се на располагање што е одлична вест за нас“- изјави Французинот.