Легендата на Реал и поранешен тренер на тој клуб, Зинедин Зидан, смета дека напаѓачот на Мадрид, Карим Бензема, заслужи да ја освои Златната топка оваа година.

На новинарско прашање кој е фаворит за освојување на Златната топка, Зидан одговори:

“Карим Бензема. Тој е неверојатен играч, имав голема чест да го тренирам. Може да направи се на теренот. Тој е врвен играч и се надевам дека ќе ја освои Златната топка”, изјави Зидан.

Бензема и Зидан работеа во Реал од 2016 до 2018 година, а потоа и од 2019 до 2021 година.