Реал Мадрид ги започна завршните подготовки за дуелот со Клуб Бриж во Лигата на шампионите на УЕФА, закажан за во вторник.

Иско дефинитивно ќе конкурира за настап откако го пропушти дуелот со Атлетико Мадрид но неизвесен е Марсело.

Начо Фернандез најверојатно ќе го зачува местото во почетната единаесетка, барем до моментот додека не се врати во полн ритам Марсело и додека не се опорави Ферланд Менди.