Реал Мадрид можно е наскоро да добие нов тренер а Зинедин Зидан да добие отказ уште овој викенд.

Ова го пренесуваат медиумите од Шпанија кои тврдат дека Зидан морада го предводи Реал Мадрид до победа против Севиља овој викенд во Ла лига. Во спротивно Флрентино Перез ќе му даде отказ на тренерот кој ги предводеше „Кралевите“ до три титули во низа во Лигата на шампионите.

Неофицијално, Зидан исто така сериозно размислува за заминување од Мадрид откако не бил задоволен од односот на играчите кон ситуацијата во која се наоѓа клубот во последните неколку недели.