Поранешнот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан деновиве се поврзува со ангажман во Манчестер Јунајтед, но според последните најави на „Мундо Депортиво“ тој има поразлични планови.

Зидан не сака да работи во Премиер лигата, туку посакува неговиот следен ангажман да биде во ПСЖ или поак на селекторската позиција во Франција.

Овие две работни места во моментов не се слободни, па поради ова Зидан не сака да избрзува и поради ова ќе чека можност за да си исполни една од двете желби.

Легенданиот Зизу се поврзуваше и со работа во Јувентус но таму ангажиран е Алегри.