Реал вчера ја совлада Барселона во второто сезонско „Ел Класико“, со резултат 2:0.

Ова е 89 победа за тренерот на Реал Зинадин Зидан, кој со овој резултат се израмни со Лео Бенхакер. Лидер на листата е легендарниот Мигел Муњос, кој има 257 победи. Но, Зидан до својот резултат дојде по 133 средби, додека на Бенхакер му беа потребни 139. Лидер по бројот на средбите повторно е Муњос, кој го предводеше својот клуб на 424 средби.

Според бројот на средбите во сите натпреварувања, Зидан е на третото место. Тој го предводеше Реал на вкупно 198 средби. И оваа позиција тој ја дели со Бенхакер. Повеќе од нив имаат Висенте Дел Боске (246) и Муњос (605).