Реал Мадрид по поразот од Шахтјор се најде во незавидна позиција во Лигата на шампионите, не му одеше во прилог ни победата на Интер против Менхенгладбах, но „кралевите“ сами решаваат во последното коло.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета дека нема голема причина да замине од клупата на екипата и покрај поразот од Шахтјор.

„Немам намера да заминам, и претходно имавме тешки моменти и криза. Не успеавме да погодиме против Украинците, но не се откажуваме, имаме уште еден натпревар до крајот која мораме да ја добиеме“ – изјави Зидан.