Тренерот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид Зинедин Зидан ги напуштил подготовките на оваа екипа објави кралскиот клуб на својот официјален сајт.

Французинот со Реал овие денови работеше на подготовки во Канада, но поради лични причини ја напуштил клубската база и итно се врати во Мадрид.

Веста за заминувањето на Зидан ги изненади и самите играчи со кои не се ни поздравил, а информацијата ја пренеле неговите помошници.

Реал Мадрид преку официјалната страна ја објави веста, но во соопштението не е наведена причината за враќањето на Зидан во Мадрид, па и натаму се е во доменот на шпекулациите.