Зинедин Зидан полека го комплетира тимот кој во следната сезона треба да го врати сајот на „кралскиот клуб“.

Според последните информации од Шпанија, Зидан е подготвен да го продаде Иско доколку до Мадрид пристигне понуда повисока од 110 милиони евра но нема намера да се откаже од услугите од младиот Асенсио.

За двајцата офанзивни играчи постои интерес од најсилните од Англија но и од Баерн Минхен но засега нема конкретни понуди, тврдат медиумите од Пиринеите.