Легендарниот италијански тренер, Карло Анчелоти изјави дека Зинедин Зидан е фудбалер кој му ја променил перцепцијата кон фудбалот како спорт.

Анчелоти со Французинот соработуваа од 1999 до 2001 година во тимот на Јувентус, кој беше предводен од сегашниот менаџер на Евертон.

„Зидан е првиот фудбалер кој ми даде можност да го променам системот и да играме на различен начин. Во првата година, Јувентус играпе со формација 3-4-1-2 со Дел Пиеро и Иназаги во нападот, а зад нив Зидан. Во втората сезона играв со четворица во одбраната, со двајца напаѓачи и класична 10-ка која беше Зидан. Тој ја промени мојата претстава за фудбалот“-изјави Анчелоти.