Реал Мадрид ќе биде активен во зимскиот преоден рок откако Зидан побарал од управата во јануари да бидат ангажирани двајца играчи од редот за врска.

Ериксен од Тотенхем е примарна цел, играчот кој се поврзуваше со преселба во Реал уште во летниот преоден рок.

Втор на листата на Ван де Бек од Ајакс кој беше прет потпис со „кралевите“ на крајот од август но трансферот тогаш не беше реализиран.

Неофицијално и двајцата сакаат да се преселат во Мадрид, прашање е само колку пари ќе мора да издвои за двајта креативци кои треба да го надополнат местото предвидено за засега недостапниот, Пол Погба.