Зинедин Зидан е без ангажаман по напуштањето на Реал Мадрид, Французинот најави дека до јануари со сигурност нема да бара ангажман, потребен му е одмор.

И покрај најавите дека засега не бара нова работа и предизвик, Зидан има две опции, информираат медиумите од Франција и Италија.

Според шпекулациите, Зидан може да биде наследник на Дидие Дешамп на клупата на репрезентацијата на Франција по Мундијалот во Катар.

Кога се во прашање клупските опции, Зидан најверојатно ќе избере меѓу ПСЖ и Јувентус, Алегри засега е безбеден но мора да ги поправи резултатите на „старата дама“, додека Покетино е под силен притисок кај „светците“.