Реал Мадрид синоќа доживеа шокантен пораз од Алавес 2:1 со головите на Перез и Хоселуа. Кралевите го ублажија поразот во голот на Касемиро во 86. минута. За поразот одговорноста ја презема Зинедин Зидан

„Не почнавме добро, а како ќе тргнеш после се е покомплицирано. Не бевме сконцентирани, но нема да бараме оправдувања. Одигравме лош натпревар. Јас сум тренер и јас ја преземам одговорноста.“, истакна Зидан на прес-конференцијата по натпреварот.

Тој додава дека сега мора да се сконцентрираат на следниот натпревар.

„Нема да го вперуваме прстот едни кон други, туку ќе продолжиме да работиме. Ова ни е најлошиот почеток на сезона и мора да се обидеме да ја промениме динамиката кај момците што не е лесно.“, додава Зидан.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите „Кралевите“ ќе го одиграат на гостински терен против екипата на Шахтјор.