Валенсија во минатото често пати знаела да го изненади Реал Мадрид но ретко кој очекуваше дека на вчерашниот натпревар на „Местаља“, домаќинот ќе постигне четири гола, од кои три од пенал.

Зидан по поразот призна дека работите не се одвиваат во најдобар ритам, но вети дека наскоро ќе се променат и резултатите и формата на играчите.

„Нема оправдување, се ни се случува во последно време, едноставно е тешко да ја разбереме нашата игра. Не мислам дека Валенсија беше подобриот тим од нас тактички, но јас сум тој кој е одговорен и треба да најде решение. “ – изјави Зидан.