Според дел од медиумите во Шпанија, Реал Мадрид дефинитивно ќе се ослободи од Јовиќ до крајот на овој преоден рок, според дел од поранешниот легенди на тимот од „Сантијаго Бернабе“ Јовиќ сеуште има иднина во составот на Зидан.

Што од ова ќе се потврди не знае ни шефот на стручниот штаб на „Кралевите“.

„Ништо не можам да потврдам се до 5 октовми. Јовиќ е дел од нашиот тим и тоа е тоа. Нема да кажам ништо повеќе затоа што се може да се случи. Тој е со нас и на овој натпревар одигра солидно.“ – изјави Зидан.

Предводникот на „Кралевите“ потврди дека Азар има проблем со мускулот и не знае колку време ќе му треба за да се рехабилитира.