Реал Мадрид му гостува на Челси со 1-1 по првата средба од Шпанија, противникот има предност, но јасно е дека „кралевите“ допатуваа во Англија по победа и пласман во финалето.

Зинедин Зидан не криеше на задолжителната прес-конференција дека нема да се предадат, вели екипата е подготвена за победа.

„Мораме да одиграме со сета наша сила, максимално и најдобро што знаеме, подготвени сме, ова за нас беше тешка сезона, месец мај е месец за трофеи, се надеваме на финале, и на пехарот во Лигата на шампионите. Ќе дадеме се од себе да дојдеме до резултат кој ќе нè одведе на завршниот натпревар сезонава“ – изјави Зидан.