Зинедин Зидан го објасни трансфер планот на Реал Мадрид за остатокот од лениот преоден рок. Потврди дека ќе има промени и ја демнатираше најавата дека „кралевите“ се откажале од планот да го купат Погба од Манчестер Јунајтед.

„Се може да се случи. Бејл има договор со нас и ништо не е сменето. Хамес исто така е играч на Реал Мадрид. Што се однесува до Погба, сеуште има време до крајот на преодниот рок, ќе видиме што ќе се случи. Ќе купуваме но и ќе продаваме, сигурно дека не е се завршено“. – изјави Зидан.

Според последните најави од Шпанија, Реал Мадрид нема намера да достави 200 милиони евра до адреста на Јунајтед за Погба но може да вклучи неколку играчи со цел да го убеди Солскјер за продажба на плејмејкерот.