Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар нема да биде во комбинација за настап на следните шест натпревари за „Кралевите“ откако се повреди на мечот со Алавес кој избраниците на Зидан го загубија со 2:1.

Шпанските медиуми блиски до Реал Мадрид тврдат дека репрезентативецот на Белгија ќе мора да паузира во следните 20 денови, што значи дека ќе пропушти шест натпревари за тимот на Зидан.

Ова значи дека Азар нема да игра против Шахтој во ЛШ а потоа против Севиља во ЛаЛига, против Борусија Менхенгладбах во Лш како и против Атлетико Мадрид, Билбао и Еибар во Ла лига.