Флорентино Перез е еден од главните заговорници на европската фудбалска Суперлига. Претседателот на Реал Мадрид силно ја посакуваше лигата на најбогатите која пропадна за помалку од два дена.

Овој проект мораше да го коментира и тренерот не Кралевите Зинедин Зидан, пред денешниот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Челзи.

„Претседателот знае што ми е во срцето и што мислам за тоа. Ние сме тука да се подготвуваме за натпреварот. Не е дека не сме заинтересирани за останатите работи, само не е момент да зборуваме за тоа. Ќе играме полуфинале на Лигата на шампионите и тоа е се за што сакаме да размислуваме“– кажа францускиот тренер.

Реал Мадрид со Барселона и Јувентус остана единствен клуб кој не ја напушти Суперлигата. Флорентино Перез е прв човек на тоа натпреварување.

Реал Мадрид и Челзи играат денеска од 21 часот.