Реал Мадрид без половина тим отпатува во Италија каде вечерва од 21 часот и гостува на Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Тренерот на Аталанта, Гасперини на шега изјави дека е среќен што Зидан нема да игра вечерва против неговиот тим, додека тренерот на „Кралевите“ на ова одговори дека неговото играње е завршена работа, навраќајки се на времето кога тој играше за Јувентус а Гасперини почнуваше со тренерската кариера во Италија.

„Можам да зборувам за повредените играчи, но среќен сум со тимот кој го имам. Како и секогаш, одиме на победа, и никогаш не сме среќни со ништо помалку од триумф. Гасперини направи одлична работа во Аталанта. Играат многу добро, напаѓачки и физички моќен фудбал. Очекувам одличен натпревар.“ – вели Зидан.