Шпанска Марка уште во март најавуваше дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане.

Сега тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан решил лично да се позанимава со евентуалната можност Мане да пристигне на „Сантијаго Бернабе“. Зидан лично разговарал на мобилен со Мане и му го пренел плановите ако тој одлучи да го прифати повикот од Мадрид.

Ливерпул има долгогодишен договор со Мане па трансферот во Шпанија може да се случи само ако на „Енфилд“ пристигне богата понуда не помала од 120 милиони евра.