Зинедин Зидан денеска одржа прес конференција за медиумите пред утрешното гостување кај Атлетик Билбао во 37-то коло од шпанското првенство.

„Денес сум многу горд поради сите проблеми со кои се среќававме во текот на оваа година. Добра вест е што Марселона ќе биде утре во тимот, без разлика на тоа што се сомневавме дека е повреден“- кажа Зидан, а потоа мораше да одговори и на прашањето за својата иднина.

„Тие прашања се веќе досадни. Вистина е дека до крајот останаа два натпревари, а потоа не знам што ќе се случи. Се е можно, ова е Реал Мадрид. Не гледам пошироко од тоа да одам од ден во ден. Можеби мислите дека тоа го говорам да избегнам одговорност, но не е така, едноставно таков сум. Постојат времиња кога мора да останете, а постојат и времиња кога мора да заминете за на сите други да им биде подобро.“

Со последните зборови кои Зидан ги изговори може да се заклучок дека подготвува заминување на крајот на сезоната, барем така изјавата ја протумачија шпанските медиуми, запознаени со ситуацијата во клубот.