Како да заборави што зборуваше пред помалку од еден месец, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан јавно потврди дека е среќен што Герет Бејл ќе остане во клубот.

„Тоа што е за нас важно е дека играчот сака да остане. Имавме повеќе долги разговори околу ситуацијата и знаеме дека тој е важен за нас, а најважно е што сака да биде дел од овој тим. Веќе покажа дека може да биде важен за нас и тоа многу ми значи.“ – изјави Зидан.

Предводникот на „кралевите“ беше уверен дека Бејл нема квалитет за белиот дрес но очигледно се предомисли откако најавите за ангажман на Нејмар се искомплукуваа.