Како што известува Marca, тренерот на Реал, Зинадин Зидан, не е задоволен од трудољубивоста што ја покажува Герет Бејл на тренинзите, откако овој се врати по повредата на глуждот.

Според Зидан, Бејл „забошотува“ и не се труди доволно. Бејл не игра за Реал од 22 јануари и веќе пропушти 4 средби.

Но, Зидан се уште смета на Бејл и може да го врати во составот, доколку Велшанецот почне посериозно да работи на тренинзите.