„Кралевите“ славеа кај Осасуна со 2:0 му се доближија на Атлетико Мадрид на два бода во пресрет на завршните четири кола во Ла Лига.

Покрај шансите за титула во Шпанија, Реал Мадрид е во игра за и финалето во Лигата на шампионите, каде против Челси во Лондон ќе игра ренваш по оние 1:1 во Мадрид.

Зинедин Зидан на сакаше да дава премногу оптомистички изјави, но ги увери навивачите дека нема предавање.

„Многу работи се случија оваа сезона, но сега сме на два бода од лидерската позиција, и ќе се бориме до крајот, тоа можеме да го ветиме. Не велам дека се ќе освоиме, но ќе се обидеме да освоиме се што можеме.“ – изјави Зидан.