Менаџерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше видно разочаран од играта на неговите фудбалери во второто полувреме од дуелот со Еибар. „Кралевите“ победија со 3:1, но Зидан очекува многу повеќе во следните пресметки од Ла Лига.

„Не знам што се случи но во второто полувреме бевме тотално различни, моравме подобро да се адаптираме. Ни беше тешко, не знам, можеби почуствувавме замор откако во првото полувреме одиграме одлично. Сепак ова се три важни бода за нас, до крајот на сезоната остануваат уште десет натпревари.“ – изјави Зидан.

Французонот демантираше дека е загрижен околу ефикасноста на напаѓачите и посочи дека важно е неговите фудбалери да играат несебично, не е важно кој ќе ги постигнува головите.