Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека Герет Бејл е пред трансфер од клубот и тоа би било најдобро за  сите.

Ваквата изјава на Зидан предизвика бурна реакција на  менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет, кој рече дека Зидан нема почит кон неговиот клиент.

Зидан изјави на прес конференција дека не изразил непочитување кон никој во екипата, сепак, јавноста протолкува дека тренерот на Реал Мадрид  мислеше на Бејл кој не е во концепцијата на Французинот.

Зидан пред извесно време изјави :

„Не изразив непочитување кон никого, јас изјавив дека Реал работи на продажбата на Бејл“ -рече Зидан.

Зидан ја даде својата поддршка кон Бејл, кажувајќи дека играчите се најбитните во ваквите ситуации, но јасно е дека играчот од Велс наскоро ќе го напушти клубот.