Додека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е главниот двигател со објаснувања по однос на Суперлигата, тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан, е насочен само на фудбалот.

Реал Мадрид денес ќе се соочи со Кадиз во Ла Лига и тоа е единствениот фокус на „Кралевите“.

„Тоа се прашања за претседателот, јас сум тука да зборувам за натпреварот кој не очекува. Нема да го дадам моето мислење за Суперлигата инастаните околу неа. Можете да кажете дека не сум инволвиран во тоа, тоа е вистината. Не сме зборувале за можните санкции во ЛШ поради Суперлигата. Ништо, нула, не зборуваме за тоа.“ – изјави Зидан.