Без Тони Крос, Еден Азар и без Родриго но со желба за победа и враќање на врвот на табелата во Ла Лига, Реал Мадрид утре ќе ја дочека Барселона во популарното „Ел Класико“.

„Ни треба подршката од нашите навивачи. Во овој деликатен момент, без победа на домашен терен три натпревари по ред, посакуваме полни и гласни трибини. Се може да се случи во фубалот, ние не слушаме што зборат за нас но ни требаат нашите навивачи од првата до последната минута. Критиките за нас не се ништо ново. Сакаме да продолжиме да напредуваме и верувам дека заедно со навивачите, моите играчи добро ќе се представат.“ – изјави Зидан.

Зидан тврди дека Лионел Меси е клучен играч кај гостите, но формата на Аргентиенцот не го загрижува, тој очекува тимски пристап и одличен натпревар.