Реал Мадрид го победи Бетис, во во фокусот останаа одлуките на главниот судија на мечот Рикардо Бургос.

Од пеналот за победа на „кралевите“, преку исклучувањето на Емерсон… Многу реакции малку одговори.

Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан уште еднаш одби да коментира судиски одлуки.

„Има судија и тие тоа го анализираа. Мислам дека се што се случи беше фер. Никогаш не се мешам во судиските одлуки, нема да го сторам тоа и сега. Најважно е дека ние игравме најдобро што можеме. Задоволни сме што победивме и што освоивме три бода.“ – изјави Зидан