Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше видно незадоволен од судиските одлуки по ремито со Севиља во Ла Лига, по што Атлетико Мадрид остана во пол позиција за титулата.

„Ништо не ми е јасно. Ако имаше игра со рака од Милитао имаше и од играчот на Севиља. Ништо што кажа судијата не ме убеди дека е така. Никогаш не зборувам за судиите, но денеска сум лут, На крајот ништо што ќе биде кажано нема да го промени тоа. Среќен сум со нашата игра, заслуживме повеќе, во второто полувреме бевме брилијантни.“ – вели Зидан.

Тој ги пофали неговите играчи и посочи дека верува во фудбалот кој го практицираат, но колку тоа ќе им донесе титула оваа сезона ќе видиме.