Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен од реакцијата на неговите играчи во дуелот со Барселона.

Победата од 3:1 за Зинедин Зидан е заслужена и нема намера да ги коментира судиските одлуки.

„Одигравме перфектен натпревар, освоивме три бода, ништо повеќе. Сега мора да одмориме и да уживаме. Ќе уживаме затоа што вторник ќе дојде брзо. Не критикуваа овие денови, мислам дека тоа не беше фер, не само за мене туку и за тимот. Среќен сум за играчите, тие се изборија и покажа карактер. Денеска бевме тим, и се гордеам со овој тим. Среќен сум, ова беше тимска победа.“ – изјави Зидан.