Навивачите на Реал Мадрид се со поделено мислење околу иднината на Зинедин Зидан на клупата на „Кралевите“.

По елиминацијата од третолигашот Алкојано во „Копа Дел Реј“ медиумите од Шпанија најавуваа дека Зидан ќе добие отказ во текот на оваа недела.

Сепак тоа најверојатно нема да се случи, последните информации од Мадрид носат поинаква развска. Зидан ќе остане на кормилото на Реал Мадрид до крајот на оваа сезона а во јуни ќе има промени.

Зидан посочи дека е сигурен оти играчите му веруваат и дека не гледа причини за промени, барем не во овој момент.