Реал Мадрид ја победи Севиља со 1:0 со голот на Карим Бензема но целокупниот пристап и енегрија која ја покажаа „Кралевите“ е показател дека работите одат на подобро, смета Зинедин Зидан.

„Најпрво морам да кажам дека сум среќен. Ова беше тимска победа и среќен сум за секој во тимот. Ова е мечот во кој најдобро одигравме по моето враќање во Мадрид. Секој помогна и бевме на нивото 90 минути. Знаевме дека можеме да креираме шанси но исто така моравме добро да покриваме а тоа го направивме одлично. Во вака тешките натпревари сите играчи мора да бидат на ниво.“ – изјави Зинедин Зидан.

Според медиумите во Шпанија, „Кралевите“ вчеравечер покажале дека можат да се носат со притисокот и оваа година по подолго време ќе бидат конкурентни за титулата во Ла лига.