Реал Мадрид со 1-0 ја совлада Аталанта, минимална предност пред реваншот во Мадрид, но црвениот картон за Фројлер уште во првата фаза е моментот кој се коментира.

Зинедин Зидан не го коментираше тој момент по мечот, изјави дека сепак победата е најважната работа.

„Беше тежок меч, но на крај запишавме добар резултат. Не бевме баш добри, игравме со играч повеќе, но најважно е дали ќе победите на крајот. Има уште еден натпревар, ние сме на половина пат. Аталанта е силна екипа, физички и психички, имавме многу проблеми во составот, не се предадовме, и победивме“ – коментираше Зидан.