Зинедин Зидан го прокоментира ремито на Реал Мадрид против Челзи од 1:1 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите. Челзи поведе со голот на Кристијан Пулишиќ, а кралскиот клуб израмни преку Карим Бензема.

„Во првото полувреме ни беше тешко, но во второто бевме подобри. Имамве проблеми со нивните играчи, брзи се, високо не притискаа. Резултатот е праведен, натпреварот беше изедначен, се намачивме, но преживеавме. Се уште сме во игра и среќни сме со денешната претстава. Челзи е во полуфинале со причина, вториот натпревар ќе биде многу напнат. Добри сме на гостувањата, играме одличен висок пресинг“- вели Зидан.

Реал се бори и за титулата во домашниот шампионат, имаар два бода помалку од водечкиот Атлетико, а во сабота ја дочекуваат Осасуна. Зидан истакнува дека неговите играчи се уморни и се надева на што побрзо враќање на големиот број повредени играчи.