Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан смета дека саботниот сензационален пораз од Кадиз нема да остави трага врз неговиот тим пред утрешното деби во ЛШ против Шахтјор.

„Играме меч од Лигата на шампиони на домашен терен и ние сме подготвени. Важно е да го почнеме натреварувањето со победа“, изјави Зидан на официјалната прес конференција пред утрешниот меч.

Зидан обелодени дека капитенот Серхио Рамос се уште не е фит од повредата и големи се шансите да го пропушти натпреварот.