Реал Мадрид запиша пораз од Шахтјор, ги загрози шансите за пласман во нокаут рундата во Лигата на шампионите, раководството на „кралевите“ размислува за смена на Зинедин Зидан.

Според Марка, Реал има две опции за клупата, Маурисио Покетино и Раул Гонзалез.

Според весникот од Шпанија поголема предност му се дава на Покетино кој е во „пол“ позиција за наследник на Зидан.

Аргентинецот е без ангжаман по отказот од Тотенхем, беше опција и за неколку други клуба, сега е поврзуван со Реал Мадрид.