Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не очекува да добие отказ , бидејќи е уверен дека вечното дерби против Барселона в сабота ќе ги сврти нештата во корист на „кралскиот клуб“.

Реал влегува во утрешното „Ел Класико“ со серија од два порази во низа, но Зидан ја потенцира сплотеноста и хомогеноста во тимот.

Да бидам искрен, имам многу заеднички работи со моите играчи. Тие се виновни за тоа што станав шампион и јас ќе бидам покрај нив до смрт“, изјави Зидан.

Фокусиран сум да дадеме 100% на следните натпревари, а за отказот не би сакал да коментирам бидејки знам што се пишува во весниците. Апсолутно не сум загрижен бидејки и лани се пишуваше за моја оставка, а јас сум се уште тука .Се разбира дека се очекуваат критики кога не играте добро. Имавме два тешки порази, па сега потегот е на нас, да реагираме по овој тежок период“,додаде Зидан на прес конференцијата пред утрешното  „Ел Класико“.