Реал Мадрид за прв пат по 818 дена се пред Барселона на табелата во Ла Лига. Ова секако дека ги израдува навивачите на „кралевите“ кои денеска уживаа во победата над Селта Виго од 3:1.

По ова Зидан на официјална прес конференција кажа нешто што ретко кој го очекуваше.

„Бејл ќе остане со нас. Потребни ни се сите сили за да размислуваме позитивно. Мора да се фокусираме подобро. Повредата на Азар е лоша среќа но тоа не го смени мојот став за да започнам со Бејл.“ – изјави Зидан кој неодамна тврдеше дека подобро е Бејл да си замине ден поскоро од Мадрид.