Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл е многу блиску до трансфер надвор од Мадрид, Ова го призна тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан по поразот од Баерн Минхен од 3:1 на пријателскиот натпревар во Хјустон.

„Се надевам дека наскоро ќе си замине. Тоа ќе биде најдобро за сите. Работиме на трансферот со неговиот потенцијален нов клуб. Немам ништо против бејл но дојде време кога мора да се направат некои работи.“ – изјави Зидан.

Бејл има уште три години од договорот со Реал Мадрид а се поврзува со трансфер во Тотенхем, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.