Реал Мадрид утре го дочекува Челси во воведната полуфинална пресметка до двомечот во Лигата на шампионите на УЕФА.

Навивачите на Челси со нетрпение го очекуваат овој дуел и можноста да видат како Азар ќе се однесува против неговиот поранешен тим.

„Ова е полуфинале, па секако дека очекуваме тежок натпревар. Не верувам дека овојпат ќе го гледаме Челси како седи назад и се брани. Знаат да играат во дефанзива но добри се и во напад. Ако ги погледнете нивните последните натпревари ќе видите дека создаваат многу шанси за гол. Се надевам дека ќе ја видите најдобрата верзија од Реал Мадрид кој ќе се обиде да го повреди Челси.“ – изјави Зидан.

Тренерот на „Кралевите“ потврди дека Азар и Крос се во комбинација за настап додека надвор од стројот дефинитивно е Ферланд Менди.