Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по завршувањето на тековната сезона си заминува од клубот, без разлика каков ќе биде епилогот во трката за титулата во Ла Лига, ова го тврди познатиот спортски сајт „Goal.com“.

Според информациите на „Goal.com“, Реал има две опции, Раул Гонзалез или актуелниот селектор на Германија, Јоаким Лев. Зидан е изморен од се, сака одмор, не сака да работи под притисок, пишува „Goal.com“.

Лев по завршувањето на ЕП летово ја напушта селекторската позиција кај Германија, па тој е едно од решенијата за Реал доколку се раздели со Зидан.