Додека медиумите во Шпанија лицитираат со можните имиња на тренери кои би го наследиле Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид по срамната елиминација од Алкојано во „Копа Дел Реј“, предводникот на „Кралевите“ негира дека размислува за отказ.

„Смирен сум, мислам дека играчите кои беа на теренот сака да победиме. Ќе видиме што ќе се случи во следните неколку денови. Мислам дкеа играчите веруваат во мене. Правиме добри работи оваа сезона, но не и во последно време. Мора да ги прашате играчите дали ја разбираат пораката, но мислам дека им е јасно. Ова е моја одговорност како тренер, но тоа е фудбалот. Кога нема да ги искористите шансите, ќе ве елиминираат.“ – изјави Зидан.

Шпанска „Марка“ тврди дека Зидан деновиве ќе добие отказ а Перез веќе ги разгледува опциите за „живот по Зидан“.