Поразот од Атлетико со 7-3 во Њу Џерси го разниша Реал Мадрид, сепак тренерот на „кралевите“ не е премногу загрижен иако овој пораз и тоа како го понижи еден од најславните клубови во светот.

Зидан по овој дебакл говореше за резултатот  и играта на неговиот тим, поразот на Реал уште долго ќе се прераскажува

„Ние ќе бидеме мотивирани на почетокот на сезоната, не се сомневам во тоа, сезоната ќе биде добра  и успешна. Овој пораз боли, не можам да бидам задовлен од резултатот, долгорочно овој пораз не значи ништо, но може да влијае врз играчите, од ова не можеме да побегнеме  и ќе се поправиме“ – изјави Зидан.