Реал Мадрид неофицијално веќе има преддоговор со Масимилиано Алегри за двегодишен договор кој ги започнал ова лето, додека Зинедин Зидан сериозно размислува да ја прифати понудата од Јувентус.

Ова го пренесува „Газета Дело Спорт“ откако Андреа Ањели веќе го остварил првиот контакт со Зидан околку евентуален негов ангажман во „Старата Дама“/

Зидан истовремено размислува и за селекторската позиција во Франција, но поголеми се шансите да седне на менаџерското столче на Јувентус. Од друга страна, Андреа Пирло во случај на отказ од Јувентус ќе земе краток одмор а можно е да пауѕзира од фудбалот една сезона.

Зидан од Јувентус има понуда од 12 милиони евра по сезона, Алегри пак од „Кралевите“ бара најмалку 200 милиони евра трансфер буџет за престојното лето за да прифати да го замени Зидан.